На њујоршки Волстрит цените на акциите благо паднаа од рекордно високите нивоа во средата додека инвеститорите очекуваа нови економски вести и шпекулираа за интензитетот на натамошното намалување на каматните стапки.
Индексот Dow Jones загуби 0,70 отсто, на 41.914 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,19 отсто, на 5.722 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,04 отсто, на 18.082 поени.
Dow Jones и S&P 500 паднаа од рекордно ниво бидејќи немаше нови вести за поддршка на нивниот понатамошен раст. Сите најнови податоци укажуваат на забавување на растот на американската економија, но се верува дека нема да има рецесија.
Меѓу другото, затоа што минатата седмица американската централна банка ги намали каматните стапки за агресивните 0,50 процентни поени, што треба да го поддржи растот на економијата.
На пазарот преовладува мислењето дека Fed ќе ги намали каматните стапки за дополнителни 0,50 процентни поени на сeдницатат во ноември. Сепак, тоа ќе зависи од идните макроекономски показатели, особено оние за инфлацијата и движењата на пазарот на трудот.
Од почетокот на годината, S&P 500 и Nasdaq индексот пораснаа за околу 20 отсто, благодарение на очекувањата за намалување на каматните стапки и развојот на вештачката интелигенција. Сепак, прашање е уште колку има и дали воопшто има простор за раст на цената на акциите, со оглед на тоа што вреднувањата се доста високи.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,17 отсто, на 8.268 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,41 отсто, на 18.918 поени, а париски CAC 0,50 отсто, на 7.565 поени.