Лос Анџелес ФК го освои американскиот куп

Фудбалерите на Лос Анџелес ФК се победници на овогодинешниот Куп на САД, тие го совладаа Спортинг Канзас Сити со 3-1 по продолженијата во финалето одиграно во Лос Анџелес.

Лос Анџелес поведе преку францускиот ветеран Жиру (53), Томи (60) израмни на 1-1, а Кампос (102) и Камара (109) за дополнителни половина час го обезбедија трофејот за домашните.