
На средбата помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунскии и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина.
На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценија како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план.