Во рамки на посетата на САД во Пентагон, заедно со Началникот на Генералштаб, генерал мајор Сашко Лафчиски, остварив средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика во Пентагон, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-На средбата се заблагодарив за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување на Армијата и порачав дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка и заедничките одбранбени цели. Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна нашите цврсти билатерални односи, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка, и изрази задоволство за нашата посветеност за модернизација како и подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, истакнува Мисајловски.