Континуирана работа, за подобри услови за нашите сограѓани, вели градоначалникот на Ѓорче Петров

Продолжуваме неуморно да работиме за подобра иднина! Општина Ѓорче Петров станува место каде секојдневно ги подобруваме условите за живот. „Ѓорче без кал“ станува реалност! – објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

-Секој нов метар асфалт, секоја реконструирана улица, значи побезбедни и подобри услови за сите – за нашите деца, за нашите возачи и за секој граѓанин кој чекори по овие патеки. Заедно го градиме Ѓорче, онакво какво што го заслужуваме!, потенцираше во објавата Стојкоски.