Тошковски на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер

Утрово во Охрид одржав билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија г. Шандор Пинтер. На средбата разговаравме за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминал со криумчарење на лица, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Исто така, беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското Полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки, потенцира во објавата.

На крај, од страна на министерот Пинтер бев лично поканет да учествувам на претстојната министерска конференција во рамки на Будемпештанскиот процес која ќе се одржи во Будимпешта во месец ноември 2024г,објави Тошковски.