Храмот „Св. Петка” во Црниче одбележува 100-годишен јубилеј – централната прослава ќе биде со неделната Божествена литургија

Викендов, 28-ми и 29-ти септември, свечено ќе биде одбележан 100-годишниот јубилеј на храмот Света Петка-Црниче.

Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.