Сончево со пониски температури

На територијата на Македонија во понеделникот ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.).

Утринските температури се движат од 2 до 15, додека највисоките во текот на денот ќе се движат во опсегот од 12 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.