На Груевски му застаре делото за набавката на Мерцедесот во случајот „Тенк“

Поранешниот премиер Никола Груевски нема да одговара за набавката на луксузниот „Мерцедес“ поради застареност на делото. На 4 октомври 2018 година Груевски беше правосилно осуден, но поради истекот на шестгодишниот период застарување, на 4 октомври 2024 година, казната не може да биде извршена, објави Призма.

Според Кривичниот законик, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото. Во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува три плус три години.

Други осудени лица во случајот „Тенк“, беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, веќе ги одлежаа своите казни.

Инаку, возилото од марка Мерцедес, сè уште се користи за официјални делегации, потврди директорот на СОЗР, Ивица Томовски, за тоа кој сѐ се вози во него и за што се користи, што беше тема на разовор и во неодамнешното издание на Дејли Клик на ТВ21.