Во своето прво јавно обраќање откако Израел го уби водачот на шиитското либанско движење Хасан Насрала минатата седмица, заменик-челник на Хезболах, Наим Касем рече дека движењето е подготвено да се спротивстави на израелската копнена инвазија на Либан.
„Израел нема да ги постигне своите цели, рече Касем. „Ќе се соочиме со секаква можност и подготвени сме доколку Израелците решат да влезат (во Либан) по копно, а силите на отпорот се подготвени да се борат на копно“, додаде.
Касем, исто така, рече дека Хезболах ќе го избере наследникот на убиениот Насрала „во првата прилика“. Според него, Хезболах продолжува со операциите и постапува според претходно усвоените планови.
Касем ги опиша досегашните напади како „минимални“ и додаде дека војната против Израел може да трае.
Израелските сили му зададоа неколку удари на Хезболах во двонеделниот бран напади врз цели во Либан кои елиминираа неколку команданти. Многумина мислат дека следниот чекор на Израел би можел да биде испраќање копнени сили и тенкови преку границата.
Исто така, палестинската милитантна група Хамас објави дека нејзиниот водач во Либан бил убиен во израелски воздушен напад врз градот Тир во понеделникот, а друга палестинска организација соопшти дека тројца нејзини водачи биле убиени во напад во центарот на Бејрут, што е прва ваква акција во границите на градот.
Убиствата се најнови во серијата израелски напади врз милитантите во Либан во конфликтот што се протега од палестинските територии Газа и окупираниот Западен брег до Јемен и самиот Израел.
Хезболах разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан од 8 октомври минатата година, еден ден откако палестинската група Хамас започна напад врз Израел што ги ескалира регионалните тен. Движењето кое тесно сорабоува со Иран ја презеде одговорноста за соборувањето на израелско беспилотно летало претходно во саботата.
Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, уште во јануари го прогласија вториот највисок степен на аларм.
Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивили на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени агенти доколку не доведат до дипломатски напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата…
Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.
Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.
Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.
Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.
Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.
Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.
Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.