Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, по повод втората годишнина од присоединувањето на украинските региони, изјави дека Русија „ќе ги постигне сите свои цели“ во Украина.
„Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат остварени“, рече Путин во видео обраќањето, честитајќи им го на Русите „Денот на обединување“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кој Русија го слави на 30-ти септември.
Путин го поздрави „судбоносниот настан“ којшто бил неопходен за да се заштити доминантно руското и рускојазичното населние од тие региони од „неонацистичка диктатура“ и „радикален национализам“ започната со насилниот преврат во Киев во март 2014 година кога беа укинати правата на јавно говорење и образование на рускиот јазик, следењето руски програми и култура.
„Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, истакна Путин, а потоа повторно ја оправа „неопходноста и легитимноста на специјалната воена операција“, како што руската влада ја нарекува инвазијата во Украина.
„Денес се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, порача Путин.
Путин го потпиша официјалното присоединување на југоисточните украински региони на Руската Федерација 30 септември 2022 година, по тамошните референрдуми кои Киев и меѓународната заедница не ги признаваат, иако руската војска целосно не ги контролира целосно.