Воз згазил дете во Загреб кое одело на тренинг

Денеска наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот таа добила пријава за настанот, но поради тоа што станува збор за малолетник, не соопштува повеќе информации.

Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал, пишува Мондо.

„Најверојатно станува збор за несреќен случај“, соопшти Јавното обвинителство на Загреб.

Според тамошните медиуми, најверојатно станува збор за малолетник што тргнал на тренинг.

Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници, бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.