Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на ТВ Сител посочи дека има амбиции за кандидатура за прв човек на Град Скопје.
Тој истакна дека во изминатите 3 години покажа како со успешен менаџмент, од општина која била на маргините со милионски долгови, можело суштински да се решаваат проблемите од сите области и напредокот да е видлив и почувствуван од сите жители.
-Покажавме како заедно со тимска работа, со вклучување на сите советнички групи може да се оправда довербата. Верувам дека мојата партија ќе спроведе низа анкети, а исто така длабоко верувам во граѓаните на Скопје и во мојот народ и убеден сум дека ќе добијам поддршка за кандидатура за прв човек на Град Скопје, истакна Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека во рамки на ЗЕЛС се изработуваат предлог законски измени за одземање на ингерeнции на локална самоуправа како и за предвремено прекинување на функцијата градоначалник, кои превентивно би ги штителе сите граѓани од евентуално неажурно работење на било кој актуелен или иден градоначалник од било која општина вклучувајќи го и Градот Скопје.