Украинскиот претседател Зеленски во понеделникот рече дека ситуацијата на фронтот на војната со Русија, која трае повеќе од две ипол години, е „многу, многу тешка“ и дека украинските сили мора да направат сѐ што можат за време на есенски период.
„Извештаи за секој од нашите сектори од линијата на фронтот, нашите способности, идни способности и нашите специфични задачи: Ситуацијата е многу, многу тешка“, рече тој во своето редовно вечерно видео-обраќање, осврнувајќи се на два иполчасовна средба со највисоките воени команданти.
„Сѐ може да биде направено оваа зима, сѐ што можеме да постигнеме мора да се постигне“, рече Зеленски.
Украинските воени блогери изминатите денови објавија дека руските сили напредуваат кон градот Вухледар (Угедар, руски назив), кој за време на војната го бранеа украинските сили, на крајниот југ од регионот Доњецк кој речиси 90 отсто е под контрола на руските сили.
Руските сили, исто така, со месеци полека но континуирано напредуваат на североти, со цел да го освојат целиот регион Донбас, составен од региононт Доњецк и Луганск, двата региона со доминатно руско и рускојазично населени со кои властите дојдени со насилниот преврат во Киев во март 2014 година воедена граѓанска војна по укинувањето на правата на образовение и користење на рускиот јазик, во која имаше околу 15.000 загинати, најголем број цивили во двата регион кон границата со Русија.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека нивните сили го зазеле селото Нелипивка, јужно од градот Торецк, една од целите на Русија во таа област.