Премиера на „Безвременски Прикаски” во МКЦ

Со гордост објавуваме дека во кореографија и режија на Ирена Лозинска, премиерата на проектот „Безвременски прикаски” ќе се одржи на 02.10.2024 година (среда), во Младинскиот Културен Центар – MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот.

“Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. За визуелните ефекти е задолжен Видео Арт, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска магија.

Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.

Учесници:

  • Исидор Јованоски
  • Ана Левајковиќ Бошков
  • Хакан Даци
  • Нела Павловска

Музички соработник: Енес Беговски
Видео Арт: Доријан Миловановиќ

Благодарности:
Младински Културен Центар – MKC
Арт Балет студио – Тамара Ѓурчиновска
НУ Турски театар – Скопје
НУ Театар Комедија – Скопје
НУ Македонски Народен Театар – Скопје
Бисера Димчева

Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија.

Ве повикуваме да ни се придружите на премиерата и да го откриете светот на Кафка!