На покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берил учествуваше на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес.
Во своето обраќање министерот Муцунски се заблагодари на министерката Баербок и на германското раководство за нивната решителност за унапредување на иднината на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија и констатираше дека денес Берлинскиот Берлинскиот процес сега е платформа која претставува составен дел од обновената посветеност на ЕУ за политиката на проширување и го одразува стратешкиот интерес на унијата да го интегрира Западен Балкан во своето семејство.
Министерот Муцунски потенцираше дека неопходно е да го удвоиме напори со цел да ги поттикнеме реформите и да ја забрзаме постепената интеграција, а нашите граѓани да можат да ги почувствуваат придобивките од членството во Европската Унија за време на процесот на пристапување, притоа нагласи дека во таа насока треба да се искористи рамката на Берлинскиот процес за да ја покажеме посветеноста за постигнување одржлив развој и поблиски врски на Западниот Балкан со Европската Унија.
Исто така, Министерот Муцунски напомена дека Македонија даде свој придонес во севкупните достигнувања на Берлиснкиот процес, притоа издвојувајќи ги одржувањето на првиот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје во 2018 година и усвојувањето на Заедничкиот регионален пазар и на Зелената агенда за Западен Балкан, за време на Заедничкото претседавање на Берлинскиот процес заедно со Бугарија во 2020 година, соопшти МНРНТ.