По студеното утро, сончево со локална облачност

Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 2 во високите предели на истокот на земјата, до 7 на југот, додека највисоките дневени соодветно ќе се движат во опсегот меѓу 17и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеслка ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени