„За нас претставува големо задоволство што можеме денеска да кажеме дека во Владата, компанијата „РСД“ од Германија којашто овдека преку својот сопственик, господин Христијан којшто пред мене зборуваше и даде краток вовед за тоа што тие планираат да направат тука кај нас во периодот којшто следи. Имавме можност да разговараме и како Влада да ги поддржиме нивните планови, бидејќи ние секако како Влада имавме главна стратешка цел да го подржуваме туризмот и тоа беше еден од причините да туризмот го поврземе со министерството за култура, тоа што го кажа и претходниот говорник дека практично тие имаат намера, а добрата вест е што таа намера е веќе потврдена и во реалност и туристите почнуваат да доаѓаат од овој февруари, околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на оваа туристичка агенција“.
Ова денес го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека постигнат е договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно
-Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме како што е Градот Охрид, потоа Скопје како главен град, потоа меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и останати културни знаменитости коишто претставуваат наша карактерна особина како држава, бидејќи Македонија има многу такви места со коишто може да се гордее, но она што е важно да се напомене е дека самата агенција „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација. Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра, рече тој.
Мицкоски истакна дека како држава ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент.
-Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија или вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент. Јас навистина можам да го кажам задоволството од страна на Владата, бидејќи сепак да имате директна кеш ликвидност во економијата од околу 30 милиони или вкупно заедно со сместувачките капацитети, со транспортот, од 50 милиони годишно и да имате 140 илјади нови ноќевања тоа навистина претставува значителен успех и ние како држава преку програмите коишто веќе ги имаме воспоставено планираме ова сериозно да го поддржиме и во периодот којшто следи да го зголемиме, зошто да не го дуплираме или триплираме. Така што уште еднаш сакам да го изразам моето големо задоволство и ова кореспондира со нашата цел да ги споиме секторите туризам и култура, бидејќи според анализите коишто ние ги имаме направено, претходно додека бевме во опозиција и сега како Влада, можам да кажам дека огромен број од туристите коишто доаѓаат од надвор и коишто ја посетуваат Македонија се практично туристи коишто сакаат да ги видат културните знаменитости на државата, посочи Мицкоски.
„Од февруари да им посакаме добредојде на овие по еден авион секој ден, односно отприлика 190 гости секој ден, а понатаму да работиме овој број да го дуплираме, триплираме овие 50 милиони да станат 100, 150 милиони евра што значително ќе претставува додадена вредност во нашиот туристички сектор, но и во економијата во целина“ – рече тој.