Кремљ ја оцени состојбата на Блискиот Исток како најалармантна досега

Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите страни на Блискиот Исток на воздржаност.

Сите инволвирани страни треба да се воздржат од провокативни дејствија и да покажат воздржаност и одговорен пристап во согласност со познатите одлуки на Обединетите нации и Советот за безбедност – изјави за новинарите портпаролката на Министерството Марија Захарова.

Во Пекинг, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека се спротивставува на кршењето на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Либан и потези кои поттикнуваат антагонизам и ги ескалираат тензиите.

– Кина ја повикува меѓународната заедница, особено големите влијателни земји, да одиграат конструктивна улога и да избегнат понатамошни превирања – се наведува во соопштението.

Беше наведено дека Кина верува дека борбите во Газа се коренот на оваа рунда превирања на Блискиот Исток и дека сите страни мора итно да работат на сеопфатен и траен прекин на огно