Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Тел Авив

Исламистичката палестинска милиција Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во израелската метропола Тел Авив во кој загинаа најмалку седум лица, а 17 беа повредени во вторникот, се вели во соопштението на движењето во средата.

Палестинската организација која дејствува од енклаата Појасот Газа и од многу земји, во прв ред Израел, САД и ЕУ е означена ка к о терористичка, во соопштение наведува дека двајцата сторители од градот Хеброн, на окупираната од Израел палестинска енклава Западниот брег биле нејзини членови. Истовремено Хамас се закани со нови напади.

Двајцата мажи, кои беа застрелани од израелските безбедносни сили, ги убиле своите жртви во воз и на станицата во Јафа, населба во Тел Авив со бројно арапско население. Едниот имал автоматска пушка, а другиот нож. Медиумите наведуваат дека жртвите се патници во воз и случајни минувачи.

Израел води војна против Хамас во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, кога исламистите и нивните сојузници го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе, од кои две третини се цивили, а од друга страна во израелската сеопфатна инвазија во енклавата досега се убиени најмалку 50.000 луѓе, од кои најмногу се деца и жени. Не е познат бројот на борци вклучени во оваа бројка