Во израелските напади врз Либан во последните 24 часа убиени 46 луѓе

Четириесет и шест лица се убиени а други 85 се ранети во израелските напади врз Либан во изминатите 24 часа, соопшти либанското Министерство за здравство во соопштение рано во четвртокот.

Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, во средата изјави дека на земјата ѝ е неопходен итен прекин на огнот во офанзивата на Израел на либанска територија против шиитското движење Хезболах, додавајќи дека околу 1,2 милиони луѓе во Либан се раселени поради израелските напади.

„Престанете со борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување… Потребен ни е итен прекин на огнот“, рече Микати.
.
Во Либан, според податоците на Министерството за здравство, загинаа повеќе од илјада луѓе уште од масовните експлозии на преносливи уреди на Хезболах на 17 и 18 септември, припишани на Израел и почетокот на интензивните бомбардирања напади на 23 септември, кои наводно биле насочени кон упоришта на Хезболах во јужниот и источниот дел на Либан и јужните предградија на Бејрут.