Руското Министерство за одбрана ги потврди извештаите во четвртокот дека руските сили ја презеле контролата врз Вухледар (Угедар, во руска транскрипција) во источна Украина.
„Како резултат на решителни дејствија на единиците на групата сили Восток, селото Угледар на Доњецката Народна Република беше ослободено“, нагласија од министетството.
Вухледар беше последното големо упориште на украинските вооружени сили во насока Јужнодонецк. Споре проценките на воените аналитичари, сега руските трупи ќе можат да напредуваат на Великаја Новоселка на границата со регионот Запорожје и Курахово, каде што украинсите сили имаат добро утврени моќни одбранбени линии. Покрај тоа, заземањето на Вухледар целосно го обезбедува за руската војска автопатот Доњецк-Мариупол, важна делница за логистика, и ги оневозможива нападите на Волноваха.
Ден претходно, советникот на шефот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Јан Гагин, за руската новинска агенција РИА зјави дека на зградата на администрацијата во Вухледар е поставено руско знаме. Од друга страна, украинскиот портал Страна.ua појасни дека украинските вооружени сили добиле наредба од командата да се повлечат од градот.
Градот, кој Русија го нарекува Угледар, се спротивстави на руските напади повеќе од две години. Руските сили имаат целосна контрола над градот Вухледар на рабните области во регионот Доњецк во источна Украина, објавија во средата каналот SHOT на комуникациската платформа Telegam и проруските воени блогери.
Регионален украински функционер во вторникот изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште кое се спротивставува на руските напади.
Градот е исто така уништен од постојани напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.
Руските сили последниот месец беа насочени кон освојуање на Вухледар, рударски град со население од околу 14.000 пред војната но силно утврден со подземни коридори уште од советската ера, како клучен чекор кон вклучување на целиот регион Доњецк во Русија.
Градот се наоѓа на границата меѓу источното и јужното боиште, поради што е дополнително важен за снабдување на двете страни и отворање пат за напредување и во западен и во јужен правец, а по него кон централните украински области се простира степа.
Вухледар е, исто така, блиску до железничката линија што го поврзува Крим, полуостровот на Црното Море.