Во изминатиот период повеќе од очигледно е дека ДУИ превзема чекори во насока на дестабилизација на државата ја загрозува сликата во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија. Очигледно суштината на ваквите потези е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт,но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го повикаат територијалниот интегритет и суверенитет. Се забележува дека првичните обиди за дестабилизација на државата беа неуспешни за ДУИ затоа сега преминуваат кон друга алатка, а тоа се протестите.
„Сè додека овие протести се мирни и демократски, ние немаме против. Тоа е убавината на демкратијата, да имаме мислења што се разликуваат. Ние не можеме да имаме исти мислења за сè. Но, доколку тие протести од мирни и демократски, преминат во насилство, тогаш ние мораме да ги одбраниме институциите. Тоа е нормално и очекувано од една Влада, не треба да бидеме изненадени. Ајде да видиме во периодот што следува како ќе се одвиваат работите, па ќе ги коментираме“, рече премиерот Мицкоски.
Со вакви чекори на ДУИ се заклучува дека не се воопшто партија која се залага за благосостојба ,стабилност, мир и европска иднина на Македонија. Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ протестите и обидите за дестабилизација се само обид да се одбранат корумпирани функционери кои ќе треба да одговараат пред институциите. Нестабилноста која ја имаат во внатрешноста на партијата доведува до тоа да гледаме вакво смешно сценарио кое има за цел да направи дефокус од нивниот криминал,со константно презакажување на протестите кои и самите неможат да ги дефинираат. Јасно е дека тешко се навикнуваат да бидат во опозиција ,со оглед на тоа што не им е отворена вратата за влез во влада. „Шпекулациите од опозициските партии се очајни, ДУИ преку националистичка реторика се обидува да се врати на политичката сцена бидејќи немаат што друго да понудат. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки дека на тој начин ќе внесат раздор, клин, недоверба во рамките на оваа коалиција. Можам да ги разочарам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува нашиот заеднички дух и во таа насока продолжуваме и понатаму да ја градиме Македонија“, рече Мицкоски на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното.