Загриженоста за нафтените постројки во Иран ја зголеми цената на нафтата над 78 долари

Цените на нафтата во петокот на меѓународните пазари пораснаа над 78 долари, бидејќи инвеститорите ги загрижи пораката на американскиот претседател Џо Бајден дека цел на најавениот израелски напад врз Иран може да бидат и тамошните нафтени постројки.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 66 центи од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 78,28 долари. Вчера го затвори трговскиот ден со добивка од 3,72 долари.

На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 63 центи повисока цена, по 74,34 долари. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 3,61 долар.

Одделно, Организацијата на земјите извознилчки на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во четвртокот поскапел за 28 центи на 74,9 долари.

Пазарите внимателно ја следат ескалацијата на тензиите на Блискиот исток. Иран го изведе најавениот одговор за израелскиот напад врз либанскиот главен град Бејрут, во кој загинаа стотици луѓе, меѓу кои и група политички и воени претставници на шиитското либанско движење Хезболах и воени советници офицери на Иранската револуционерна гарда. Кон крајот на минатата седмица, ирански балистички ракети погодија повеќе воени цели во Израел.

Техеран рече дека неговиот одговор е завршен доколку следните потези на Израел не бараат реакција. Тел Авив, пак, ги објави последиците, а Вашингтон нагласи дека ќе го брани Израел.

САД, заедно со ЕУ и нејзините сојузници, повикаа на итно примирје меѓу Израел и Либан, но во четвртокот американскиот претседател рече дека САД разговараат со Израел за можните одговори на иранскиот ракетен напад, вклучително и опцијата за израелски напад врз Ирански нафтени постројки. „Зборуваме за тоа“, им рече Бајден на новинарите.

Израел би можел да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг за да го лиши Техеран од приходите од извозот на деривати, шпекулираат аналитичарите на JPM.

„Сепак, американската влада веројатно нема да ја прифати таа опција, бидејќи сака да избегне пореметувања на нафтените пазари во седмиците пред претседателските избори“, додаваат аналитичарите.

Ако Израел го нападне, Иран најверојатно ќе возврати со удари врз енергетските и гасните постројки на Израел, иранската новинска агенција СНН го цитираше во петокот заменик-командантот на Револуционерната гарда, Али Фадави.

Иран е членка на OPEC и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, што одговара на околу три отсто од глобалното производство.

Позначително зголемување на цените денеска беше запрено со тоа што нафтата продолжува нормално да патува преку Влискиот исток и покрај интензивирањето на вооружените конфликти.

Во исто време, трговците шпекулираат дека OPEC загубата на иранските барели ќе ја „покрие“ со резервни капацитети, а нервозата ја ублажи и најавата на Либија за отворање на нафтени полиња и извозни терминали по решавањето на спорот за назначувањето на гувернерот на централната банка. Поради блокадата, производството падна од 1,2 милиони на само 400.000 барели дневно.