Осум лица загинаа при пожар во фабрика за накит во украинскиот град Харков.
Пожарот избувнал на четвртиот и петтиот кат на комплексот, каде што се наоѓале канцеларии и простории на фабриката. Во време на избувнувањето на пожарот во објектот имало 30 лица.
Во гаснењето на огнот учествувале повеќе од 100 противпожарни возила и 20 единици со специјална техника.
Во тек е истрага за причините за огнената стихија.