![макрон](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/1393097.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Испораките на оружјато коишто се користат во конфликтот во палестинската енклава Појасот Газа треба да се прекинат како дел од пошироките напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот, изјави во саботата францускиот претседател Емануел Макрон.
Франција не е меѓу главните снабдувачи со оружје за Израел. Минатата година испорачала воена опрема вредна 30 милиони евра, се вели во годишниот извештај на Министерството за одбрана за извоз на оружје.
„Мислам дека приоритет денес е да се вратиме на политичко решение (и) да се запре извозот на оружје што се користи во борбите во Газа. Франција не снабдува ништо“, изјави Макрон за радиото France Inter.
„Сега наш приоритет е да избегнеме ескалација. Либанскиот народ не смее да биде жртвуван, Либан не може да стане новата Газа“, додаде Макрон.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро моментално е во четиридневна посета на Блискиот исток, која завршува во понеделник во Израел, додека Париз се обидува да влијае на заживувањето на дипломатските напори.