(Повод: Истражувањето на Мери Јордановска под наслов „За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори“ објавено на порталот Мета на 4 октомври)
Читајќи ја статијата на новинарката Мери Јордановска, читателот може да стекне впечаток дека политичките партии користат (злоупотребуваат) државни пари само за финансирање на нивните кампањи во интернет порталите. А тие, порталите, нели, особено оние кои работат комерцијално и не се финансирани од странски фондации и амбасади, веќе се стигматизирани како извор на пропаганда, на неквалитет и на сите други зла во македонскиот журнализам.
Не ми е јасно зошто молчат колегите од порталите на оваа тема, но јас нема да молчам и јавно ќе кажам дека перцепцијата дека порталите зеле огромни буџетски пари, згора и нетранспарентно, не соодветствува со вистината. Или, попрецизно, таа лага кога станува збор за професионалните интернет портали.
Законот е јасен: најмногу 25% за интернет порталите! Кој ги зел оние 75%?
Да појаснам.
Веројатно случајно, или можеби од недоволна информираност, авторката на анализата „заборавила“ дека Изборниот законик ги ограничува државните пари што можат да се потрошат во интернет порталите за изборните кампањи. Така, од вкупните буџетски средства што може да ги потроши една партија за изборна кампања, само 25% може да завршат во печатените медиуми и во онлајн медиумите заедно – другите 75% одат кај радиодифузерите и веројатно за рекламирање на билборди. Таа пропорција (25%) е утврдена арбитрарно (зошто не 24% или 28%, на пример). Таа е апсолутно нелогична, посебно во време на доминација на онлајн медиумите, непотребна е и треба да се избрише од Законот.
Како и да е, ако интернет порталите во кампањата за парламентарните избори зеле 811.000 евра државни пари, новинарски професионално и етички би било да се каже колку пари зеле телевизиите, печатените медиуми и другите. Или „колачот“ за нив не е „колач“?
Според словото на Изборниот законик, ако тие 811.000 евра се една четвртина, најмалку околу 2,5 милиони евра државни пари се потрошени во другите, т.н. традиционални медиуми. Зоран Трајчевски од АВМУ, во истата статија, вели дека вкупните државни пари за финансирање на кампањите на политичките партии биле 10 милиони евра. Тој веројатно мисли на претседателските и на парламентарните избори заедно (во анализата не е прецизирано), но прашањето се наметнува само по себе: ко навистина е така, како се потрошени другите 9,2 милиони евра?
Дали телевизиите и печатените медиуми парите за кампањите, својот многу помрсен дел од „колачот“, ги зеле потранспарентно? Дали со тие не се влијаело врз нивните уредувачки политики, како што се сугерира во статијата? Дали се влијаело само врз уредувачките политики на интернет порталите?
Важно е да се знае колкав дел од „колачот“ им припаднал и на радиодифузерите и на печатените медиуми – колку кому, бездруго – а тоа било потребно да се напише и во анализата на колешката Јордановска. Бидејќи, ако во легислатурата надвладее ставот дека не треба да се трошат државни пари за финансирање на кампањите на политичките партии во медиумите, како и дека воопшто не треба да се трошат државни пари во медиумите за било какви цели, тогаш тоа има да важи за сите – не само за интернет порталите, туку и за телевизиите, за печатените медиуми и за сите други.
Или планот е и во иднина само печатените медиуми и телевизиите да лапаат државни пари? Како до сега …
Кој навистина не сака законска регулација на интернет порталите?
Друга важна работа што треба да се каже во врска со оваа анализа, е прашањето за регулација на интернет медиумите, за кое се зборува во неа.
Читам, Зоран Трајчевски од АВМУ вели дека „порталите во нашето законодавство се сива зона, не се законски регулирани …“ Читам, во 2023 година (лани), имало иницијатива за промена на Законот за медиуми, дека експерти предложиле такви измени и дека новинарските здруженија ги поддржале тие промени, но ете, Законот не бил променет.
Сево ова е само делумно точно. Јас, како член на Управниот одбор на СЕММ кој таму ги претставува интернет порталите (Профимедиа) и потоа како член на здружението Онлајнмедиа, бев вклучен во тие активности околу можна промена на Законот за медиуми, па можам да посведочам за неколку работи и да упатам неколку пораки до колегите од новинарската заедница.
Прво, навистина постојат експерти што си ја завршиле таа работа. Ние, неколку претставници од интернет порталите, лани се сретнавме со нив најмалку два пати и јасно им кажавме дека професионалните интернет портали сакаат да бидат дел до Законот за медиуми. Верувам дека експертите поднеле добар предлог за измени на Законот, кој, ете, немал среќа да биде прифатен од ресорното министерство. Не било баш така, ама ајде, да веруваме малку и во бајки.
Второ, ние од Онлајмедиа лани три пати се сретнавме со ресорниот министер Азир Алиу, со претставници на бизнис заедницата, но и со лидери и со високи претставници на сите политички партии. Од сите добивме поддршка и уверување дека ја поддржуваат законска регулација на интернет порталите.
Трето, јас научив и кој е против законската регулација на порталите. Тоа се две групи луѓе: во првата група се оние портали и нивни газди кои не сакаат да работат професионално туку да грабаат и да перат пари (тие се нашата нелојална конкуренција); во втората група се некои газди, уредници и новинари од т.н. традиционални медиуми, кои во интернет порталите гледаат опасност што ги загрозува – им ги земаат публиката, приходите од рекламирање, државните пари за кампањите итн. Така мислат тие. Погрешно, но секој има право на свое мислење.
Четврто, порталите ќе беа дел од Законот за медиуми кога тој беше донесен уште пред петнаесеттина години (така беше предложено), но тогаш ЗНМ се спротивстави, со тезата дека Никола Груевски сакал да заведе контрола врз онлајн медиумите. На Насер Селмани и компанија некако пологично им беше Груевски да ги контролира само телевизиите и печатените медиуми. Тој отпор кон регулацијата на интернет порталите и приказната за „саморегулацијата како спас“ тогаш беа поддржани од т.н. меѓународен фактор. Голема грешка. Како и да е, остатоците од тој отпор се препознаваат и денес, преточени во стравот од некаква „претерана регулација“.
Петто, не е вистина дека во 2023 година не се променил Законот за медиуми. Не знам зошто авторката Мери Јорданоска во статијата го превидела фактот дека Законот се промени. Итно, во 5 до 12 пред изборите, тајно, шверцерски, никој да не знае. И тогаш никој од новинарските здруженија не се побуни дека тоа се случило нетранспарентно. Да, Законот се промени, за да се регулира субвенционирањето на печатените медиуми со државни пари. Со кое, нели, не се влијае врз нивната уредувачка политика, бидејќи – добро де, сфативме веќе – може да се влијае само врз лошите интернет портали.
Шесто, ние од здружението Онлајнмедиа очекуваме иницијативите за законско регулирање на интернет порталите наскоро да вродат со плод. На луѓе од Владата неодамна детално им ги образложивме нашите предлози и наскоро треба да се очекува официјален предлог за измени во Законот за медиуми. Суштината на измените ќе биде интернет порталите да бидат запишани во делот од Законот каде што се дефинираат медиумите (да бидеме „признаени“ како медиуми и како новинари, бидејќи сега не сме) и да се воведе еден регистар на онлајн медиумите. Тоа е сè. Не постои никаква идеја за „претерана регулација“.
Предлогот на измените ќе биде јавно достапен. Јавно ги повикувам сите сопственици, директорите, уредниците, новинарите и другите медиумски работници во професионалните интернет портали да ги поддржат измените, бидејќи тие се во наш заеднички интерес. Ги повикувам и сите други кои дејствуваат во интернет простор и кои нема да бидат опфатени со измените на Законот, да ги поддржат, бидејќи ниту некој сака, а ниту може да спроведе „банирање“ на портали или каква било друга законска цензура на интернет.
Македонската варијанта на „лудистичкото движење“ нема да успее
Конечно, за крај на ова малку подолго писание одошто планирав, сакам да ги повикам сите фактори од пошироката општествена заедница, да ја поддржат законската регулација на интернет порталите. Таа навистина е за доброто на сите.
Како секаде во светот, така и кај нас, онлајн медиумите се доминантен сегмент на медиумската индустрија. Во секој поглед. Веќе со никого не водам полемики на таа тема – кој при очи и при мобилен телефон тоа не може да го види, негов проблем. Тој тренд на доминација и зголемено влијание на интернет порталите нема да запре и во Македонија, наспроти сите обиди за оцрнување и за нивна стигматизација. Дури и да не се „признаат“ како медиуми во Законот, ќе бидат уште подоминантни и повлијателни. И поуспешни, побогати со реклами. Повеќе ќе заработуваат. Пуст сон е дека ќе опстанат само тие што имаат финансиска поткрепа од странски фондации и амбасади. И дека конците ќе им ги мрсат оние другите портали, кои си ги нарекуваме „портали од спалната соба“ или „човек портали“, кои служат за нечесни работи.
Жал ми е што морам да го кажам и ова, но заблуда е дека т.н. традиционални медиуми (печатот, телевизијата, радиото) им се конкуренција на онлајн медиумите. Не им се. Погледнете, ве молам, што се случува во нашите телевизии сега – тие забрзано „емигрираат“ на интернет, некои дури прават подкасти и се натпреваруваат со популарните подкасти кои ги нема во етерот, туку само на интернет. Не велам дека телевизиите и весниците нема да ја преживеат глобалната и драматична технолошка револуција што се случува во овој момент, но секако нема да успеат водејќи битка на туѓ терен, туку само со пронаоѓање свои „ниши“ на пазарот, со продуцирање производи за кои има и ќе има побарувачка.
Наскоро и интернет порталите ќе станат т.н традиционални медиуми. Ако веќе и не се. Нивната вистинска конкуренција се социјалните мрежи, кои веќе подолго, со право, се нарекуваат и социјални медиуми. А веќе и меѓу социјалните медиуми има такви што се „традиционализираат“ и со кои се поврзува само повозрасната публика, таа во заминување. Тоа е тоа. Технолошката револуција е немилосрдна.
Како и да е, ви моментов, повеќе од половина од новинарите во Македонија се работно ангажирани во интернет порталите. Тие се тие што од „колачот“ за парламентарните избори добиле кравајче да мрсат и така ги вознемириле велеетичните и велепрофесионалните во нашава новинарска заедница …
Ве молам, почитувани читатели, секој од вас сам нека си направи едно истражување: нека ги напише имињата на 5 новинари за кои смета дека се најдобри и кои најмногу ги цени, а потоа нека се праша каде работат тие. Или, секој нека си постави вакви прашања: како дознавам јас дека утре ќе врне силен дожд, дека се случила трагична сообраќајка, дека Трамп рекол ова а Камала она, дека Мбапе си го повредил коленото итн – чекам вести во шест навечер да разберам?
Ма што да ви расправам … Ова што го читате сега, го читате на интернет портал. Мојата драга колешка Јордановска својата анализа ја објавила на интернет порталот кај што е вработена. А ниту Плусинфо и Мета, според Законот за медиуми, не се медиуми, а ниту јас и Мери, според истиот Закон, не сме новинари. Анализата која ме поттикна да го напишав сево ова ја видов на Фејсбук. И моево писание ќе се сподели на Икс и на Фејсбук. Ако нешто вас ве предизвика, почитувани читатели, вие таму ќе коментирате, на социјаните мрежи. Сигурно нема да станете во шест сабајле и да чекате слободна линија да се јавите во утринските програми на телевизиите. Сфаќате што ви кажувам? Сето ова се случува на глобалната мрежа, на интернет, не во етерот, не на хартија.
Поентата ми е во тоа дека никакво наше локално „лудистичко движење“ нема да ја спречи доминацијата на интернетот, на порталите и и на другите онлајн медиуми и платформи. И затоа, наместо неразумни отпори кон законската регулација на порталите и наместо упорни обиди за нивна стигматизација, време е да се поддржи потребата со законска регулација да се поддржи натамошната професионализација на новинарство во интернет просторот.
Всушност, не … Не е сега времето. Доцниме.