![oblacno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/oblacno.jpg?resize=655%2C391&ssl=1)
Во неделата во Македонија ќе преволадува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер.
Утринските температури се движат од 6 до 6, а највисоките дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 14 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.