Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата ја одбележа претстојната годишнина од нападот на палестински Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври, ветувајќи дека Германија „никогаш нема да толерира“ антисемитизам, но истовремено се фокусира на постигнување прекин на огнот на Блискиот исток, пренесува агенцијата dpa.
Во видео-обраќањето објавено на интернет, Шолц вели дека никогаш нема да ја заборави својата посета на Израел минатиот октомври, кога се сретнал со роднини на убиените или киднапираните од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7-ми октомври.
Една година подоцна, Шолц рече дека е неприфатливо „граѓаните од еврејска вера да живеат во Германија во страв и терор, да се плашат да носат кипа во јавност или да се воздржуваат да го откријат своето потекло пред своите соученици“. „Еврејскиот народ во Германија ја има целосната солидарност од нашата држава и од сите пристојни луѓе во нашата земја“, додаде Шолц.
Германскиот канцелар повторно повика на прекин на огнот, за заштита на цивилите во Газа и за ослободување на преостанатите израелски заложници.
Речиси 500 полицајци беа распоредени на собири во Берлин во саботата, како што се наближува годишнината од војната во Газа, соопшти полицијата на платформата X. Бројни пропалестински демонстранти се собраа во градскиот кварт Темпелхоф, каде што можеа да се видат неколку палестински знамиња. Учесниците на настанот наречен „Година на геноцидот – Светот гледа. Против полициското насилство“ имаа намера да стигнат до Бранденбуршката порта.
На протестот по слоганот „Година на геноцидот – Светот гледа. Против полициското насилство“ во Берлин се собраа околу 1.000 демонстранти, според процените на полицијата. Тие вееја палестински знамиња додека извикуваа „Година на геноцидот“, термин кој Израел го оспорува, велејќи дека само се брани. Демонстрантите го критикуваа и полициското насилство врз пропалестинските демонстранти во Германија каде се наметнати жестоки санкции за поддржувачите на блискоисточните милитнатни движење противници на Израел, а кои Берлин ги означи како терористички организации. Наметнати се казни и за истакнувања палестински ознаки, а заострен е и опсегот на делата кои се сметаат како антисемитизам.
Предупреди дека конфликтот ризикува да се претвори во регионален пожар, но рече дека Германија координира со меѓународните партнери за да спречи понатамошна ескалација.
„На првата годишнина од терористичките напади на Хамас врз Израел, мирот и помирувањето се чини дека се подалеку од кога било во регионот. Но, знаеме дека одржливото решение на конфликтот зависи од кредибилен пат кон преговарано дво-државно решение,“ заклучи Шолц.