Актуелниот претседател Саjед победник на изборите во Тунис

Тунискиот претседател Каис Сајед освои 89,2 отсто од гласовите на претседателските избори во неделата, објави државната телевизија, повикувајќи се на излезни анкети. Доколку се потврди овој резултат, нема да има втор изборен круг.

Изборната комисија официјалните резултати ќе ги соопшти во понеделник навечер.

Саjед беше фаворит за освојување на својот втор претседателски мандат, откако неговиот главен ривал беше затворен минатиот месец, а другиот противкандидат беше лидер на помала политичка партија.

Политичките случувања во Тунис се сметаа за единствената релативно успешна приказна по Арапската пролет во 2011 година, кога беа насилно соборени децениските автократски лидери во редицата африкански и арапски земји но и целосно девастирани дотогаш богати држави и нации, поради воведувањето на демократијата по децениското автократско владеење.

Сепак, групите за човекови права тврдат дека Сајед, за кого симпатии изминатите години искажуваа западните политичари, кој е на власт од 2019 година, променил дел од демократскиот развој со отстранување на институционалните и законските ограничувања на неговата моќ. Шеесет ишестгодишникот ги отфрла ваквите критики. Вели дека се бори против корумпираната елита и предавниците и дека нема да биде диктатор.

Високи функционери на големите партии, кои главно се противат на Сајед, беа затворени во текот на изминатата година по различни обвиненија. Тие партии јавно не поддржаа ниту еден од тројцата кандидати кои се појавија на изборите, а на останатите им беше забрането да учествуваат.

Минатиот месец, изборната комисија, чии членови беа именувани од Сајед, дисквалификуваше тројца истакнати кандидати.

Парламентарците лојални на Саједу минатата седмица му ја одземаа надлежноста на Управниот суд за изборни спорови, за кој се верува дека е последното независно судско тело во земјата.

Сајед ја концентрираше моќта во свои раце во 2021 година, кога го распушти избраниот парламент и го преобликува Уставот во она што критичарите го опишаа како државен удар. На референдумот за уставот излегоа само 30 отсто, а на парламентарните избори во јануари 2023 година само единаесет отсто.