Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Утринава околу 5 часот и 30 минути интервенирале екипи на итната помош поради пожар во стан во зграда на улица „Лука Војводиќ“ бр. 91 во белградската населба Раковица. Според дежурниот лекар, животот го загубиле најмалку две лица.

Маж и жена на возраст од околу 80 години најверојатно починале од задушување поради вдишување чад.

Според засега неофицијални информации, пожарот првин настанал во дневната соба и се проширил кон терасата.

Сѐ уште не се знае вкупниот број на жртви и повредени во пожарот, како и за причините поради кои настанал истиот, а се претпоставува дека станот се запалил од греалка, пренесуваат српски медиуми.