
Мотоциклист утрово загина во несреќа што се случи во центарот на Скопје во близина на Зелено пазарче, јави Телеграф.
Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата, а телото на почнатиот е на улицата каде што се случила несреќата.
На местото на несреќата во моментов пристигна и јавен обвинител. Полицијата најави детали за несреќата за подоцна.
ФОТО: Радован Вујовиќ (Телеграф.мк)