Со репетиран пиштол сакал да докаже предност на крстосница

Двајца скопјани синоќа во Драчево почнале расправија за тоа кој има предност да помине на крстосница. Расправијата кулминирала, информираат од МВР кога едниот од учесниците во сообраќајот за да му докаже на другиот дека тој е во право, му извадил пиштол го репетирал и сакал да му пука во глава.

Веднаш по расправијата пиштолџијата е пријавен во полиција. Откриен и приведен. Од МВР информираат дека ќе биде поднесена и соодветна пријава.