Volume Glamour Effect Push Up mascara – наменета за оние кои сакаат екстремен волумен

За оние кои што никогаш не се задоволни од волуменот на нивните трепки, Bourjois нуди нова интерпретација на волуменот, заобленост и густина – секој ден!

Новата Маскара од брендот Bourjois, Volume Glamour Effect Push Up mascara им го прави на трепките она што push up градникот им го прави на градите, веднаш го зголемува волуменот!

maskara_1

Оваа маскара ви нуди зголемен и интензивен волумен веднаш, благодарение на специјалната UPLIFIT четкичка специјално дизајнирана за да ви овозможи екстремна должина и тенки трепки.

Оваа четкичка поседува специјално пресметан дијаметар за брза и лесна апликација. Во неа има 15 резервоари кои се поставени помеѓу влакненцата, со што се овозможува рамномерно нанесување по целата должина на трепките од коренот до врвовите се само еден потег.

А најдоброто е тоа што маскарата ќе им даде неодолив изглед на вашите трепки во следните 16 часа.

Ултра црната, свилена формула на Volume Glamour Effect Push Up маскарата ви овозможува да нанесувате повеќе слоја без тие да се засушат или да се зацврстат.