Нобеловата награда за физика доделена за откритија во машинското учење

Нобеловата награда за физика за 2024 година им е доделена во вторникот на Американецот Џон Хопфилд и британско-канадскиот научник Џефри Хинтон за нивните откритија во областа на машинското учење „за фундаментални откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со помош на вештачки невронски мрежи“, соопшти Нобеловиот комитет на Институтот Каролинска во Стокхолм.

„Двајца од овогодинешните добитници на Нобеловата награда за физика користеа алатки од физиката за да развијат методи кои се основа на денешното моќно машинско учење. Машинското учење засновано на вештачки невронски мрежи моментално ја револуционизира науката, инженерството и секојдневниот живот“, се вели во соопштението за печатот

Се забележува дека Хопфилд успеал да создаде структура „која е способна да складира и да враќа информации“. Хинтон излезе со „метод за самооткривање на својствата на податоците“, кој стана важен за вештачките невронски мрежи од големи размери. „Иако компјутерите не можат да размислуваат, тие сега се способни да симулираат меморија и учење. Овогодинешните добитници на наградата за физика помогнаа да се овозможи ова“, навдува Нобеловиот комитет.

Хопфилд е роден на 15 јули 1933 година, а докторирал на физика на Универзитетот Корнел во 1958 година. Стана познат во 1982 година како пронаоѓач на асоцијативна невронска мрежа, наречена „мрежа Хопфилд“. Хинтон е роден на 6 декември 1947 година и е правнук на познатиот британски математичар Џорџ Бул (1815-1864). Во 1978 година, стекнал докторат по вештачка интелигенција на Универзитетот во Единбург. Од 2013 до 2023 година работел во корпорацијата Google. Беше еден од истражувачите кои предложија користење на методот на обратна пропагација (распространување на грешки) за обука на повеќеслојна невронска мрежа. Заедно со Тери Сејновски ја измислил Болцманивата машина, специјален тип на рекурентна невронска мрежа.

Минатогодишната Нобелова награда за физика им беше доделена на Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Улие „за експериментални методи кои генерираат аттосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.

Нагрдата за физика беше второто Нобелово признание доделено оваа седмица, откако во понеделникот американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија наградата за медицина за нивното откритие на молекулата на микроРНК и нејзината клучна улога во разбирањето како растат и живеат повеќеклеточните организми.

Нобеловата награда генерално се смета за најпрестижната награда за физичари во светот. Добитниците на наградата добиваат и парична сума од 11 милиони шведски круни или околу 1,1 милион долари, која се дели меѓу добитниците доколку има повеќе од еден. Наградата за физика ја доделува Кралската шведска академија на науките.