РК Вардар убедлив против Валур во ЕХФ Купот

Ракометниот тим на Вардар, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ Скопје „црвено-црните“ убедливо го победија Валур со убедливи 33:26.

Македонскиот тим прашањето околу победникот го реши уште во првото полувреме кое го доби со неверојатни 19-11.

Големата предност на Вардар му донесе мирно второ полувреме во кое само ја одржуваше високата предност за на крајот да слави со 33:26.

На голот на Вардар фантастична партија имаше голманот Фереира кој запиша 14 интервенции, најефикасни беа Борозан и Срдановиќ со по шест голови.

Магнусон со четири гола беше најдобар кај Валур, голманот Густавсон имаше одличен меч со 15 одбрани.