Променливо облачно со повремен дожд

Во средата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 4 до 12, а највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 26 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.