Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра, без образложение

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ, велат во сопштение од ВРО-ДПМНЕ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид. Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали. Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме! Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, стои во соопштението на владејачката партија.