
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на самитот Украина- Југоисточна Европа се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Остварив средба со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.