САД се обидуваат да ja искористат офанзивата на Израел во Либан за да го соборат Хезболах

Според извештајот на Wall Street Journal, администрацијата на Бајден се обидува да ја искористи израелската офанзива против Хезболах во Либан за да стави крај на доминацијата на групата и да избере нов либански претседател, изјавија американски и арапски претставници.

Саудиските власти изјавија за весникот дека оваа американска иницијатива има поддршка од Саудиска Арабија. Според Wall Streat Journal, тоа зависи од либанските лидери премиерот Наџиб Микати и претседателот на парламентот Набих Бери да ги здружат партиите.

Меѓутоа, Египет и Катар го сметаат овој план како нереален и опасен, им посочиле официјални лица на САД, тврдејќи дека Израел нема да успее да го уништи Хезболах и дека тоа мора да биде дел од политички договори за ставање крај на конфликтот.

Во текстот се додава дека Египет изразил загриженост дека меѓународното мешање во либанската политика може да предизвика внатрешни тензии кои останале од граѓанската војна во земјата која заврши во 1990 година. Политичките анализи и дипломатите изјавија за The Journal дека секоја група која се смета дека се обидува да ја преземе власта во пресрет на нападите на Израел би можела да биде отфрлена од либанската јавност.