Макрон: Емили нека остане во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју објавено во средата вели дека се надева дека хит-серијата на Neflix – „Емили во Париз“ ќе остане фокусирана на француската престолнина наместо да се пресели во Рим.

Четвртата сезона на „Емили во Париз“, која моментално се емитува, се одвива во главниот град на Италија каде што ѕвездата на серијата, која ја игра Лили Колинс, се обидува да тргне по нов пат, личен и професионален.

Петтата сезона на серијата беше најавена минатиот месец, а креаторите изјавија дека ќе биде сместена во Париз и Рим и дека Емили „ќе биде присутна“ во Италија.

Творецот на серијата Дарен Стар беше цитиран како рекол дека хероината на серијата „премногу се одомаќила во Париз“.

На прашањето на американскиот магазин Variety што мисли за тој потег, Макрон вели дека тое не би го поднел.

„Жестоко ќе се бориме и ќе ги замилиме да останат во Париз“, вели францускиот претседател.

Сопругата на Макрон, Брижит, се појави во четвртата сезона од серијата, во којашто во текот на случајна средба во ресторан вели дека ја следи Емили на Instagram.

„Бев многу горд и таа беше многу среќна што го направи тоа“, рече претседателот за ангажманот на неговата сопруга.

На прашањето дали бил замолен да се појави во емисијата, Макрон одговара – „Јас сум помалку привлечен од Брижит“.

Серијата главно беше критикувана од француските критичари бидејќи го прикажала главниот град на Франција во, како што велат, нереално гламурозно светло.

„Тоа е серија полна со стереотипи, а сепак не можеме да се натераме целосно да ја мразиме“, напиша списанието за култура Télérama кога серијата првпат се емитуваше.