Унгарија нема „атрактивна“ алтернатива за рускиот гас, порача Сијарто

Унгарија нема „атрактивна“ алтернатива за рускиот гас, рече во четвртокот министерот за надворешни работи Петер Сијарто, истакнувајќи дека гасоводот Турски тек ќе обезбеди непречено снабдување дури и по истекот на руско-ураински договор за транзит на енергенсот.

Руско-украинскиот договор истекува на крајот на годината и отвора прашања во снабдувањето со гас, првенствено за земјите во централна Европа без излез на море, како Австрија, Унгарија и Словачка.

Суспендирањето на транзитот не претставува ризик за нивното снабдување „во блиска иднина“, оцени Меѓународната агенција за енергетика (IAE), истакнувајќи ги нивните целосни складишни капацитети, поврзаноста со гасната инфраструктура и „индиректниот“ пристап до светскиот пазар на LNG, без да посочи дека тоа за таквите земји повеќекратно ќе биде поскапо.

И Сијарто во четвртокот на Меѓународниот форум за гас во руски Санкт Петербург рече дека прекинот на транзитот на руски гас преку Украина нема да ѝ наштети на Унгарија, потсетувајќи дека гасот пристигнува и преку гасоводот Турски тек.

Гасоводот со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри годишно директно ги поврзува резервите на руски гас со турската транспортна мрежа, под Црното Море, се наведува на веб-страницата. Рускиот гас потоа поминува низ Турција, Бугарија и Србија и пристигнува во Унгарија.

Минатата година на Унгарија ѝ беа испорачани 5,6 милијарди кубни метри гас преку оваа рута, што одговара на околу 65 отсто од нејзината годишна потрошувачка, рече Сијарто во мај годинава.

„Оваа година во Унгарија ќе добиеме вкупно 6,7 милијарди кубни метри гас од Газпром… Ова целосно ќе ги искористи капацитетите на Турскстрим“, рече Сијарто во четвртокот.

Гасоводот Турски тек, кој е алтернатива за започнатиот Јужен тек кој ЕУ со низа успеа да го попречи пред повеќе години, може да им помогне и на другите централноевропски земји, додаде шефот на унгарската дипломатија.

„Таа алтернативна рута може да ѝ помогне не само на Унгарија, туку и на другите централноевропски земји да снабдуваат гас доколку се најдат во неволја поради прекинот на транзитот низ Украина“, објасни Сијарто.

Унгарија, бидејќи е задоволна од соработката со руски „Газром“ и нема атрактивна алтернатива, посочи министерот, додавајќи дека во текот на денот има намера да потпише додаток на договорот за гас со „Газпром“.

Унгарија изминатите две децении, кога немаше конекција преку Турски тек, имаше големи проблеми во текот на неколкуте ткн „гасни-војни“ меѓу Киев и Москва, кога беа прекинувани испораките на руски гас во Европа преку украинската мрежа во обидите да се издејствуваат повисоки бенефиции од европските земји и при обвинувања дека Украина го поткраднува гасот наменет за пренос во европските земји.