Дожд и студено време за продолжениот викенд

Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи.

Во сабота и понеделник вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.