Училиштата во Сараево соочени со наплив од закани со бомби, хаос на часовите

Во петокот неколку училишта во Сараево мораа да ја прекинат наставата и да ги евакуираат сите ученици и вработени, бидејќи добиле дојави за подметнати бомби, но ова е само продолжение на зачестените закани што училишните институции ги добиваат речиси секојдневно од почетокот на учебната година, а полицијата е главно немоќна.

По пристигнувањето на заканите, сите училишта, согласно утврдените безбедносни протоколи, ги евакуираат децата и нивниот персонал и ја информираат полицијата, која потоа врши увид во објектите

„Технологиите денес им овозможуваат на сите, вклучително и на овие мали деца кои не можат кривично да одговараат, да го злоупотребуваат целиот систем“, рече судскиот експерт за дигитална форензика Вахидин Џалтур.

Предупреди дека технологијата толку многу напредува што станува сè потешко да се идентификуваат оние кои испраќаат анонимни закани, бидејќи во БиХ секој може да купи картички за мобилни телефони за еднократна употреба без ограничувања или идентификација, а оние кои ќе се одлучат да упатуваат анонимни закани имаат бројни други опции за испраќање анонимни пораки по електронски пат.

„Навистина не би бил во кожата на моите колеги кои работат на идентификување на лицето кое ги извршило овие злосторства“, изјави Џалтур за телевизијата N1.

Истовремено, родителите предупредуваат дека оваа хаотична ситуација ги загрозила и нив и нивните деца.

„Најчестиот голем проблем е преземањето на децата бидејќи тие имаат продолжен престој во самите училишта“, изјави за порталот Кликс Елма Диздаревиќ, претседател на Советот на округот на родители на училишни деца.