Преглед Лигата на нациите: Германија ја совлада БиХ, Холандија ремизираше кај Унгарија

  • Германските фудбалери го задржаа првото место во групата 3 А од Лигата на нации со 2:1 (2:0) со победата на гости кај Босна и Херцеговина во Зеница.

Во вториот дел од првото полувреме Германија поведе со 2:0 со двата гола на Ундав (30, 36) и уште трипати ја погоди мрежата на домаќините, но тие голови беа поништени поради офсајд позицијат, па ветеранот Џеко (69) ги врати надежите во селекцијата на БиХ со удар со глава, но на крајот тоа не беше доволно за позитивен исход.

Во втората средба од оваа група Унгарија и Холандија одиграа 1:1 (1:0) во Будимпешта. Домашните поведоа преку Салаи (32), а израмни Дамфрис (83), по големата доминација на гостинските фудбалери.

По три кола, Германија е на врвот со седум бодови, втората Холандија има пет, третата Унгарија два, а четвртата Босна и Херцеговина со еден бод.

Резултати од натпреварите од Лигата на нации одиграни во петокот:

А3:
БиХ – Германија 1:2 (Џеко 70 / Ундав 30, 36)
Унгарија – Холандија 1:1 (Салаи 32 / Дамфрис 83)
ТАБЕЛА:
Германија 3 2 1 0 9:3 7
Холандија 3 1 2 0 8:5 5
Унгарија 3 0 2 1 1:6 2
БиХ 3 0 1 2 3:7 1

Б1:
Украина – Грузија 1:0 (Мудрик 35)
Чешка – Албанија 2:0 (Чори 3, 63)
ТАБЕЛА:
Грузија 3 2 0 1 5:2 6
Чешка 3 2 0 1 6:6 6
Украина 3 1 0 2 4:5 3
Албанија 3 1 0 2 2:4 3

Б4:
Исланд – Велс 2:2 (Томасон 69, 72 / Џонсон 11, Вилсон 30)
Турција – Црна Гора 1:0 (Кахвеци 69)
ТАБЕЛА:
Турција 3 2 1 0 4-1 7
Велс 3 1 2 0 4-3 5
Исланд 3 1 1 1 5-5 4
Црна Гора 3 0 0 3 1-5 0

C1:
Естонија – Азербејџан 3:1 (Јаковлев 32, Сињавски 45+2, Шеин 71 / Бајрамов 45+1-11м)
Словачка – Шведска 2:2 (Стрелец 45, 72 / Ајари 25, Сема 32)
ТАБЕЛА:
Шведска 3 2 1 0 8:3 7
Словачка 3 2 1 0 5:2 7
Естонија 3 1 0 2 3:5 3
Азербејџан 3 0 0 3 2:8 0