Никарагва ги прекина дипломатските односи со Израел

Никарагва ги прекинува дипломатските односи со Израел, соопшти во петокот владата на оваа централноамериканска земја, нарекувајќи ја израелската влада „фашистичка“ и „геноцидна“.

Владата на Никарагва во соопштение наведе дека прекинот на односите се должи на израелските напади на палестинските територии. Претходно истиот ден, Националниот конгрес донесе резолуција со која бара Никарагва да преземе чекори за да се совпадне со годишнината од војната во Газа.

Владата, по наредба на претседателот Даниел Ортега, пристапува кон прекин на односите со Израел, изјави потпретседателката Росарио Муриљо.

„Нашиот претседател му нареди на Министерството за надворешни работи на Републиката да го исполни барањето на националниот парламент и да пристапи кон прекинот на дипломатските односи со фашистичката и геноцидна влада на Израел“, изјави Муриљо во обраќањето преку државната телевизија Canal 4.

Конфликтот, соопшти владата на Никарагва, сега „се шири и во Либан и сериозно ги загрозува Сирија, Јемен и Иран“.

Блискиот исток е во состојба на висока готовност за натамошна регионална ескалација откако на 1 октомври Иран одмазнички изврши ракетен напад врз Израел кој стои за ликвидации на високи воени функционери на Техеран во регионот, како и ликвидациите политичките лидери на иранските регионални сојузнички движења – палестински Хамас и либански Хезболах.

Од почетокот на ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт ланскиот октомври, прекин на односите со Израел е најавено од Колумбија, Боливија и Белизе, а на тоа повика и парламентот на Узбекистан. Бахреин го повлече својот амабсадор од Израел и ги прекина економските односи со еврејската држава.