Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан

Израелската армија издаде наредба за евакуација на жителите на 23 села во јужниот дел на Либан поради зголемената активност на Хезболах, што ја загрозува безбедноста на локалното население.

Некои од овие села веќе биле цел на израелски напади.

Израел тврди дека Хезболах во овие села складира оружје и организира напади врз Израел, додека Хезболах ги негира овие обвинувања, нагласувајќи дека не поседува оружје меѓу цивилите.

Конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој започна пред една година, драстично ескалираше минатиот месец по интензивирањето на израелските напади врз јужен Либан, долината Бека и предградијата на Бејрут.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека бројот на раселени Либанци е поголем од онаа во последната голема војна помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година, кога околу милион луѓе беа принудени да бегаат.