ВИДЕО| Поранешната влада местела милионски тендери во РЕК Битола преку омилената „Марковски компани“

-За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно. Одговорот е руинирани институции, корупција и криминал, омилена работа на претходната власт била местење тендери. Во низата скандалозни тендери се и оние во РЕК Битола. Спорни и според Државната ревизија се тендерите во РЕК Битола што ги доби „Марковски компани“ на чело со сопственикот Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија во земјава, обвини во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Ревизијата утврдила дека биле спроведувани постапки во РЕК Битола со договарање во четири очи без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства.

При една набавка одбиена е компанија која нудела подобри услови, а била избрана „Марковски компани“, а во друга пак се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена.

„Марковски компани“ е основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра и била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери.

Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, велат од партијата.