
Иранката Гончех Гавами, поранешна студентка на Универзитет во Лондон на смерот ореинтални и африкански студии заврши во затвор затоа што сакала да гледа машка одбојка.
На Иранката, која има и британски пасош прво не и било дозволено да влезе на мечот, но потоа протестирала заедно со уште неколку други девојки против законот во Иран, според кој на жените им е забрането да гледаат спортски мечеви на мажи. Таа се обидела да го гледа националниот тим на Иран против Италија на 20 јуни годинава.
Гавами била уапсена и веднаш испратена во затворот Евин, под обвинение за „пропаганда против државата“. Потоа била ослободена, но набргу и вратена во затвор, каде сега со прависолноста на одлуката на судот ќе мора да одлежи една година. Целиот случај предизвика бура на социјалните мрежи, па групите за слобода на Иранката експресно собра речиси еден милион приврзаници.
Според неофицијални информации, Гавами добила и ќотек, а во изминатите денови таа штрајкува со глад во својата ќелија, а од неодамна се наоѓа во самица.
Инаку Иран во 2012 година го забрани присуството на жени на мачка одбојка, откако на фудбалските мечеви одамна важи ова правило. Британските медиуми веќе објавија дека министерството за надворепни работи на Велика Британија го осуди овој чин и истакна загриженост за дискриминаторската политика на Иран.
Шефот на иранската полиција, Ген Есмаил Ахмади Могадам околу случајот само изјавил дека „сѐ уште не е време“ за жените да бидат дел од публиката на спортските натпревари на машките селекции.