Трамвај се судри со автобус во Загреб, има загинати

На кружен во Загреб утринава околу 5 часот и 15 минути дошло до судир меѓу трамвај и автобус.

Поради сообраќајна несреќа во Загреб, трамвајскиот сообраќај е во прекин во дел од градот. ХАК издаде предупредување до возачите во кое ги советува да користат алтернативни рути.

Полицијата соопшти дека во несреќата едно лице загинало.

„Утринава, 14 октомври, околу 05:15 часот, Загреб, авенија Дубровник, кружен тек Запруѓе, се случила сообраќајна незгода во која учествувале трамвај и автобус без патници, во која едно лице загинало. Трамвајскиот сообраќај е во прекин. Истрагата е во тек“, соопшти Јавното обвинителство на Загреб.